Ментално здравје и психосоцијална поддршка
Црвениот крст на Република Северна Македонија обезбедува широк спектар на програми и активности за ментално здравје и психосоцијална поддршка. Програмите за ментално здравје и психосоцијална поддршка можат да имаат непроценливо влијание врз животите на луѓето на кои им се потребни, особено кога ќе се испорачаат рано откако ќе се случи катастрофа.

Нашата работа
Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвен крст на РСМ, претставува систем за испорака на психолошка прва помош и психо-социјална поддршка, кој цели кон заштита на менталното здравје и зајакнување на отпорноста на волонтерите, вработените на Црвениот крст и населението.
Центарот функционира преку четири компоненти:
- психо-социјална поддршка на вработени и волонтери,
- работа со население,
- дејствување при кризи и
- соработка со институции.
Центарот ги координира активностите за менталното здравје и психо-социјалната поддршка и придонесува во развој на психо-социјалната компонента на национално ниво преку општинските организации на Црвен крст.

Што ние нудиме?
Психо-социјална поддршка на вработени и волонтери
- Активности за обучување на вработени и волонтери за прва психолошка помош
- Зајакнување на отпорноста преку различни едукативни работилници
- Учење на техники за справување со стрес и стресни настани
- Формирање на групна поддршка и други видови на интервенции.
Работа со население
- Кампањи за подигнување на свеста за намалување на стигма за менталното здравје и психо-социјалната поддршка
- Промовирање на позитивна ментална благосостојба и надминување на стигмата што често ги опкружува состојбите на менталното здравје
- Едукација преку психо-едукативни материјали за реакции при соочување со стресни ситуааци и справување
- Психо-едукација на национално ниво
- Психо-социјална поддршка преку телефонски линии
- Психо-социјална поддршка и психолошко советување на лица во социјален ризик
- Психо-социјална поддршка на стари лица и лица со попреченост
- Психо-социјална поддршка на раселени лица, мигранти, баратели на азил
- Психолошка поддршка преку соработка со институции и организации.

Дејствување при кризи
- Формиран национален тим за психо-социјална поддршка за кризни интервенции кој дејствува на национално ниво при елементарни непогодии, собраќајни несреќи и други несреќи од поголем размер.
- Тимовите за психо-социјална поддршка се состојат од професионалци и волонтери со стручни познавања од сферата на психологијата, медицината, социјалната работа.
Соработка со институции
- Обуки и работилници за прва психолошка помош и реакции на стресни настани за припадници на итните служби
- Соработка со институциите при воспоставување на програми за зајакнување на отпорноста на населението
- Воспоставување на систем за упатување по направена психо-социјална проценка
- Интегрирање на психо-социјална компонента во одговорот при кризи на национално ниво.

Ментално здравје и психо-социјална поддршка и кризни состојби
Катастрофите и вонредните состојби влијаат не само на физичкото здравје на луѓето, туку и на нивното ментално здравје и благосостојба. Решавањето на глобалното ментално здравје и психосоцијалните потреби е витален дел од работата на Црвен крст на РСМ за поддршка на заедницата.
Вооружените конфликти, природните катастрофи и другите итни случаи често ги изложуваат луѓето на исклучително вознемирувачки настани. Луѓето се соочуваат со загуби и сериозни повреди на човековото достоинство. Доколку не се лекуваат, овие рани може да предизвикаат сериозна и долгорочна штета на поединци, семејства, заедници и цели општества.

- Линии за психо-социјална поддршка
Целна група: општа популација и ранливо население
- +389 72 271 048 Скопје
- +389 71 338 081 Кочани
- + 389 203 030 Штип
- Психо-социјална поддршка на семејствата на починатите и целото население во ООЦК Кочани
Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани
Цел:
- Обезбедување поддршка на поединци,семејства и поширока заедница во Кочани и регионот.
Центарот нуди сеопфатен одговор за решавање на непосредните и долгорочните потреби на заедницата, со фокус на психолошко советување, ангажирање на заедницата и градење професионални капацитети за поддршка на менталното здравје.
Визија на Регионалниот центар
- Зајакнување на системската поддршка и грижа за менталното здравје на заедницата, вработените и волонтерите.
- Создавање континуиран и достапен простор за психо-социјална помош.
- Унапредување на менталното здравје преку:
- обезбедување професионални услуги,
- едукации,
- психолошко советување,
- различни програми за поддршка.
- Зајакнување на отпорноста и психолошката стабилност на граѓаните.
- Обезбедување доверливо и безбедно опкружување за стручна психолошка помош.
- Создавање мрежа на заедничка грижа и поддршка преку соработка со:
- локални институции,
- училишта,
- здравствени установи.
- Проширување на визијата на национално ниво, со цел секој регион да има пристап до соодветни услуги и поддршка.
- Делување во рамки на пошироката иницијатива на Црвениот крст.
Мисија на Регионалниот центар
- Директно обезбедување помош и создавање интегриран систем на поддршка за:
- поединци,
- семејства,
- заедницата.
- Обезбедување професионални услуги, вклучувајќи:
- едукации,
- психолошко советување,
- различни програми за поддршка.
- Создавање доверливо и безбедно опкружување за стручна психолошка поддршка.
- Обезбедување поддршка преку:
- индивидуални активности,
- групни активности.
- Посветување особено внимание на лица погодени од трауматски настани (како пожарот во Кочани).
- Обезбедување психолошка и психо-социјална поддршка за:
- справување со траума,
- загуба,
- емоционални последици.
- Развивање на свеста и практичните вештини кај:
- волонтери,
- наставен кадар,
- професионалци од различни области,
преку обуки за подобрување на препознавањето и справувањето со ментално-здравствени предизвици.
Тим на стручни лица во Регионалниот центар
Тимот на Центарот за ментално здравје се состои од:
- координатор за ментално здравје и психо-социјална поддршка,
- тим на обучени психолози.
Активности
- индивидуални советувања за повредени и нивните семејства, со цел обезбедување персонализирана поддршка и унапредување на менталното здравје,
- групни сесии кои ќе овозможат споделување искуства, меѓусебна поддршка и јакнење на заедничката резилиентност,
- поддршката за волонтери и вработени, преку обезбедување стручна помош и психосоцијална поддршка за оние кои се директно вклучени во работата со преживеаните и
- активности насочени кон поттикнување на резилиентност кај младите, со цел развивање лични вештини за справување со стрес и градење на психичка отпорност.
- Контакт- Регионален центар во Кочани
Достапна поддршка од понеделник до петок, со претходно закажан термин.
Телефон за закажување: +389 78 785 266

- Oбуки за психо-социјална поддршка и прва психолошка помош при итни и кризни состојби
Целна група:
- Волонтери и вработени ЦКРСМ
- Вработени во институции кризен менаџмент
- Наставници , професори, стручни кадри
- Ученици во средни училишта
- Универзитетски студенти
Психолошки дебрифинг
Целна група:
- Волонтери и вработени ЦКРСМ кои обезбедуваат првичен одговор за време и после итна и кризна состојба
- Преставници на институции од кризен менаџмент
- Лица повредени при итни и кризни состојби и нивните семејства
- Општа популација
Активности за ментално здравје и психосоцијална поддршка (CBMHPSS) засновани на заедницата
Целна група:
- Општа популација
Мобилни тимови за психо-социјална поддрпшка во јавни собири/настани
Целна група:
- Општа популација
Канали за промоција на понудите за ПСП и ментално здравје кои ги нуди ЦКРСМ:
- Социјални мрежи (Facebook, Instagram,)
- Локални медиуми (телевизија, радио, веб-страници)
- Образовни институции
Пријавете се и дознај повеќе за понудите за ПСП и ментално здравје на Црвен крст на следниот телефон: [+389 72 271 048 Центар за ментално здравје] или посети [Веб-страна на ЦКРСМ] за пријава!







