ЦКА-ПХВ циклус

Обука на дисиминатори

Дводневна обука за дисиминатори на која се обучуваат за програмата, методологија на држење на обуки, обука за десиминација, обука за изработка на малите проекти и обука за документирање на малите проекти како и клучни насоки за нивниот ангажман во самата програмата. Тие добиваат знаења за тоа како треба да тече програмата и како тие да ги обучуваат и мотивираат младинците од своите општински организации, а како дополнителна помош добиваат и прирачник кој ги води детално низ целиот тој процес како и ЦКА-ПХВ ментор кој им помага.

Обука на младинците

Во секоја Општинска организација се обучуваат по 30 младинци кои се на возраст од 13 до 17 години или вкупно на годишно ниво околку 1200 потенцијални волонтери. Тие на обуките во својата Општинска организација од страна на својот дисеминатор добиваат пакет од три обуки кој се состои од дисеминација, препознавање на потребите на заедницата и сесии како да се подготви, имплементира и документира мал проект за помош на локалната заедница. Обуките се интересни, интерактивни и прилагодени на младите.

Изработка на малите проекти

После обуките младинците се делаат во помали тимови од 3 до 6 учесника и потоа се подготвени да ги стават своите новостекнати знаење во пракса. Поддржани од нивните дисеминатори и самата Општинска организација , тие почнуваат да ги реализираат своите мали проекти (во просек по 130 мали проекти во година) за помош на локалните заедници во кои што живеат. Самите истражуваат за целните групи, за нивните поотреби, реализират активности за остварување на нивната цел, промовираат и документираат. Проектите ги работат во период од 2 месеци и по нивно доставување истите се евалуаираат по однапред дадени критериуми од страна на ЦКА-ПХВ инструктори.

ЦКА-ПХВ пехар

Секоја година се доделува ЦКА-ПХВ пехар на онаа Општинска организација која има изработено најмногу проекти оценети со сонце, кои се всушност најблагородни проекти и имаат трајни промени за избраната целна група. Пехарот се организира во општинската организација која е прогласена за најдобра, и има за цел сензитивизирање на јавноста за младите, за нивните капацитети и за малите проекти кои тие ги изработија и преку кои сменија животи на многу целни групи. 

Секоја година се доделува прва втора и трета награда, и со одлука на РО на ЦКРСМ таа е новчана и е намената за зајакнување на капацитетите на младите од тие Општински организации.

ЦКА-ПХВ недела

Секоја година преку ЦКА-ПХВ неделата која се одбележува од 21-27 септември, се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство и мир согласно Стратегијата на ЦКРСМ. Се организираат унифицирани активности на ниво на целата земја, како театарски претстави на тема дисеминација, заедничко танцување, снимање на песна на локално ниво, подготовка на игри за младите во Црвен крст, читање на поезија со цел промоција на јазиците…

Клубови на млади

Како последна фаза од едногодишниот циклус за секој ПХВ учесник е вклучување во клубовите на млади во нивниот град. Со вклучување, младинците стануваат волонтери и се вклучуваат во постоечките младински активности кои се реализират согласно календарот на ЦКРСМ. Со тоа се исполнува уште една од целите на ПХВ програмата, а тоа е регрутирање на волонтерите во редовите на организацијата. Дел од нив се вклучаат во мини менторскиот систем преку ЦКА-ПХВ програмата за следната година, за новата генерација на младинци.

ПХВ инструктори

Тимот на ЦКА-ПХВ инструктори е создаден низ годините и во него членуваат дисеминатори и младинци кои ги изработуваа малите проекти. Постојаат критериуми за избор на нови инструктори во програмата, а сегашната бројка е 30 инструктори. Тие даваат поддршка за реализација на целата програма преку држење обуки, прегледување на малите проекти, поттикнување на младите во процесот на изработка на проекти…Во рамките на тимот функционира и Координативно тело кое има советодавна улога на координаторот на програмата како и на целата програма. Исто така постои и тим на ментори кои ги менторираат дисеминаторите низ процесот на изработка на малите проекти.

 

https://api.ckrm.org.mk