Обука на психолози за рано откивање на когнитивни промени

Во Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвен крст на Република С. Македонија-Општинска организација Кочани се одржа обука на тема „Рано откривање на деменција: клинички, невропсихолошки и психосоцијални аспекти“.

 

Учесниците се стекнаа со знаења за препознавање на рани индикатори за когнитивно опаѓање, разликување помеѓу нормално стареење, благо когнитивно нарушување и рана деменција на ниво на симптоми, како и насоки за етичко постапување, упатување и работа со семејството и заедницата.

Обуката придонесува кон унапредување на раното препознавање на ризик, заштита на ранливи лица и навремено насочување кон соодветна поддршка и понатамошна проценка во заедницата. Истата беше наменета за психолози кои работат во заедница, институции за грижа за стари лица и хуманитарни организации.

Обуката ја водеше Светлана Иловски, специјалист по медицинска психологија и психотерапевт.

https://api.ckrm.org.mk