Работилница за ментално здравје и психосоцијална поддршка за млади

На 12.12.2025 година, во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, беше реализирана работилница за ментално здравје и психосоцијална поддршка за млади, во организација на Центарот за ментално здравје и психосоцијална поддршка при Црвениот крст на РСМ. Работилницата беше наменета за членовите на работната група на Младинската иницијатива за ментално здравје.

Целта на работилницата беше волонтерите да се запознаат со основните концепти на менталното здравје и психосоцијалната поддршка, како и со алатки и пристапи кои ќе претставуваат основа за реализација на активностите предвидени во акцискиот план на иницијативата.

https://api.ckrm.org.mk