Психо-социјална поддршка на онколошки пациенти
На 28.01.2026 година, во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија, беше реализирана групна поддршка за онколошки пациенти.

На средбата присуствуваа 7 лица, кои активно учествуваа во разговор и споделување на лични искуства поврзани со процесот на лекување, психолошките предизвици и секојдневните потешкотии со кои се соочуваат.
Средбата имаше за цел:
- обезбедување емоционална поддршка,
- поттикнување на меѓусебно разбирање и солидарност,
- јакнење на психолошката стабилност,
- размена на корисни информации и стратегии за справување со стресот.
Присутните покажаа отвореност и подготвеност за понатамошно учество во ваков вид активности, при што беше нагласена важноста од континуирана групна поддршка како значаен дел од психосоцијалната грижа за онколошките пациенти.