Што е ПОКОО?

ПОКОО е кратенка за Проценка на организациски капацитет на Општинска организација (на англиски: BOCA – Branch Organizational Capacity Assessment) – алатка за самооценување развиена по методологија на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина а наменета за Општинските организации на Националните друштва на ЦК/ЦП со цел идентификување и проценување на  нивните силни страни, ограничувања и предизвици во однос на широкиот опсег на организациски капацитети. Овој инструмент има за цел  преку структуриран начин Општинската организација да овозможи самопроцена во 34 организациски области во работењето, да го препознае нивото на кое се наоѓа во контекст на овие области, да утврди приоритети за развој за наредната година и подготви план за развој.

При спроведување на ПОКОО во рамките на ООЦК се применува партиципативен метод каде најпрвин се формира комплементарен локален тим составен од вработени лица, членови на раководната структура и волонтери на организацијата, кои потоа низ сет на алатки меѓу кои матрица со дефинирани индикатори, студии на случај за развој на ООЦК, ПОКОО игра за развој на општинска организација и други дополнителни вежби водени од страна на обучени ПОКОО фасилитатори се подготвува пристап кој е соодветен за таа општинска организација со сите нејзини карактеристики и специфики.

ПОКОО инструментот се применува во Движењето на ЦК/ЦП од 2013 година и досега во него учествуваа 49 национални друштва. Во рамките на кластерот во кој припаѓа ЦКРСМ, нашето национално друштво е прво кое ја примени оваа метода, и досега Општинските организации искажуваат задоволство за покренатата иницијатива која им ја подига свеста за организациските аспекти на работата.

https://api.ckrm.org.mk