Итно Копче

Итно копче

Итно копче е услуга која е достапна 24/7, каде со едно притискање на копче од страна на корисникот, стапува во комуникација со телефонски оператор. По воспостваување на телефонски контакт со операторот, корисникот споделува информации какви тегоби има, а обученото лице/оператор му дава понатамошни насоки. Доколку има потреба, се оди на терен кај корисникот, се дава прва помош или се обезбедува транспoрт до соодветна установа/институција, а доколку е животозагрозувачка состојба, се повикува Итната медицинска помош.

Корисници на услугата

Итно копче е иновативна услуга и е  наменета за луѓе над 65 години од Скопје кои живеат сами, корисници на услугата „Помош и нега во домот“ и други изнемоштени лица кои живеат сами, корисници на услугата „Дневен центар за стари лица“.

Услугата Итно копче на корисниците им нуди:

Контакт

Лицата кои се заинтересирани за услугата Итно копче може да се јават на телефонскиот број 15 330 во Контакт центарот, или на skopje.itnokopce@redcross.org.mk

Цена

1190 МКД/ месечно

https://api.ckrm.org.mk