Курсеви по прва помош
“ЕДУЦИРАЈ СЕ – СПАСИ ЖИВОТ“
Зошто да ги посетите курсевите по прва помош?
- Подготвеност за одговор при итни сотојби
- Побезбедна иднина за себе, своите најблиски и заедницата- превенирани повреди, спасен живот
- Стекнат сертификат за животоспасувачки вештини
Кои обуки по прва помош ги спроведува ЦКРСМ и која е цената на обуките?
- Освежителните обуки по прва помош (2.5 школски часа- 100 минути)-БЕСПЛАТНИ
- Курс по прва помош за кандидатите за возачи на моторни возила (8 школски часа –360 минути ,се спроведува во два дена по 4 школски часа)– Цена 1500,00 денари.
- Курс по прва помош за работни организации:
- Основен курс (6 школски часа– 270 минути ) – Цена 1200,00 денари
- Напреден курс 1 (8 школски часа – 360 минути) – Цена 1600,00 денари.
- Напреден курс 2 (13 школски часа– 585 минути ) – Цена 2600,00 денари.
- Курс по прва помош за пловен објект– 8 школски часа (360 минути) – Цена 1500,00 денари.
- Курс по прва помош за физички лица (6 школски часа– 270 минути) – Цена 1.200 денари.
Најчесто поставувани прашања за курсевите по прва помош:
- Кој може да се пријави на курсот?
Отворено за широка популација, со посебен фокус на:
- возачи на моторни возила,
- работни организации,
- управувачи на пловни објекти.
- Што ќе научам на обуката?
- срцево- белодробно оживување,
- укажување на прва помош при механички, хемиски и топлотни повреди
- и други животноспасувачки вештини.
- Кога и каде?
- Во Центарот за прва помош во Скопје и
- 28 Општински организации на Црвен крст
Пријави се сега и дознај повеќе за курсевите:
Јави се на 072/208-529 или 072/208-456