Млади
Младите од Црвениот крст на Република Северна Македонија се проактивни млади кои своите капацитети, знаења и енергија ги вложуваат во насока на исполнување на мисијата и визијата на организацијата и да помогнат онаму каде што е најпотребно. Младите со својата посветеност и ентузијазам прават позитивна разлика и промоција на хумани вредности во заедницата.
Како сме организирани?
Младинското делување е организирано на национално и локално ниво. Во рамките на секоја општинска организација на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, младите се организираат во клубови на млади, додека на национално ниво претставници од сите клубови на млади го сочинуваат Советот на млади како највисок орган на Младите на Црвен крст на Република Северна Македонија.
Во клубовите на млади постои разгранетост и на помали организациони форми, училишни клубови, поради обемната територијална покриеност на делување на општинските организации на Црвениот крст. Училишните клубови претставуваат можност за волонтирање на младите во нивна непосредна близина.
На територија на Република Северна Македонија дејствуваат 33 клубови на млади и се уредени во Статутот на Црвен крст на РСМ, Правилник за организација и работа на Младите во ЦКРСМ и Упатство за организирање и работа на Клубовите на млади.
Кој може да биде волонтер во редовите на млади?
Секое лице на возраст до 29 години кое е мотивирано од слободната желба, без разлика на национална, верска и политичка припадност, образовен профил, економски и социјален статус, наменета во корист на ранливо население на заедниците согласно со Основните принципина Црвен крст и Црвена полумесечина.