Психолошко советување месец Јануари – Регионален центар за ментално здравје

Во текот на месец јануари 2026, во рамки на советувалиштето при Регионалниот центар беа реализирани вкупно 9 индивидуални средби.
Средбите се одвиваа согласно планираната динамика на работа и беа насочени кон обезбедување стручна поддршка, советување и индивидуален пристап согласно потребите на секој корисник. Преку овие индивидуални средби се овозможи доверлива комуникација, идентификација на предизвиците и дефинирање на понатамошни чекори за поддршка.
Советувалиштето и понатаму продолжува со континуирана работа во насока на унапредување на квалитетот на услугите и поддршката кон корисниците.
Број за закажување термини за индивидуални сесии 071/338-081