Работилница за ментално здравје за млади

На 13.02.2026 година, во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија, Центарот за ментално здравје и психосоцијална поддршка реализираше работилница за ментално здравје и психосоцијална поддршка при кризни и итни состојби, наменета за членовите на работната група на младинската иницијатива за ментално здравје.

Работилницата имаше за цел да ги продлабочи знаењата на младите волонтери за значењето на менталното здравје, како и да ги зајакне нивните капацитети за обезбедување психосоцијална поддршка во кризни ситуации. Преку интерактивни презентации, дискусии и практични вежби, учесниците се запознаа со основните принципи на психо-социјалната поддршката, препознавање на стресни реакции и начини на самозаштита и поддршка на другите.

На работилницата учествуваа 18 волонтери од 11 општински организации на Црвениот крст, кои покажаа висок интерес, активност и подготвеност стекнатите знаења да ги применат во идните активности предвидени со акцискиот план. Реализацијата на оваа активност претставува значаен чекор кон унапредување на младинското учество и јакнење на локалните капацитети за поддршка на менталното здравје во заедницата.

https://api.ckrm.org.mk