ПХВ – Промоција на хумани вредности

Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ) со години континуирано се имплементира во нашава земја од страна на Црвениот крст на град Скопје, кој е назначен за имплементатор од страна на Црвениот крст на Р. Македонија.
Идејата за овој проект беше инициран уште во 1996 година од страна на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) со поддршка на Норвешкиот Црвен крст.
Програмата претставува домашен производ создаден во склад со локалните обичаи и културни норми, и постојано надградуван согласно потребите кои ќе се појавуваат на теренот.

За автори на програмата се сметаат Катерина Џајковска, Дарко Јорданов и Херби Елмази а координатор на програмата е Александра Ристовски.

Цел
Главната цел на ЦКА-ПХВ е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

 
Подцелите на програма се создавање на дисеминациски модел за работа со младите, промоција на културата на дијалог, поврзување на дисеминацијата и хуманитарни акции, регрутирање на нови волонтери во Црвениот крст преку промоција на хумани вредности, промовирање на културата како систем од вредности и промовирање на активен приод кон животот.
 

Мисија
Мисијата на програмата ЦКА-ПХВ е промовирање на културата на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и промовирање на активно знаење и активен однос кон животот, преку принципите и вредностите на Црвениот крст.

Уште од самиот почеток концептот и методологијата на проектот се одобрени и поддржани од Министерството за образование на Република Македонија. Тоа се должи на многу добрите резултати кои ЦКА-ПХВ програмата ги имаше, а во 2004 година Црвениот крст на град Скопје потпиша договор со Бирото за развој на образованието при Министерството за образование со кои ЦКА-ПХВ проектот стана дел од официјалниот образовен систем. Денеска, Црвен крст на РСМ има потпишан и меморандум за соработка со Министерство за образование во кои една од точките на дејствување е токму ЦКА-ПХВ програма.

ЦКА ПХВ циклус

Мали Проекти

Фото и Видео галерија

https://api.ckrm.org.mk