Ментално здравје и психосоцијална поддршка

Црвениот крст на Република Северна Македонија обезбедува широк спектар на програми и активности за ментално здравје и психосоцијална поддршка. Програмите за ментално здравје и психосоцијална поддршка можат да имаат непроценливо влијание врз животите на луѓето на кои им се потребни, особено кога ќе се испорачаат рано откако ќе се случи катастрофа.

Нашата работа

Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвен крст на РСМ, претставува систем за испорака на психолошка прва помош и психо-социјална поддршка, кој цели кон заштита на менталното здравје и зајакнување на отпорноста на волонтерите, вработените на Црвениот крст и населението. 

Центарот функционира преку четири компоненти:

Центарот ги координира активностите за менталното здравје и психо-социјалната поддршка  и придонесува во развој на психо-социјалната компонента на национално ниво преку општинските организации на Црвен крст.

Што ние нудиме?

Психо-социјална поддршка на вработени и волонтери

Работа со население

Дејствување при кризи

Соработка со институции

Ментално здравје и психо-социјална поддршка и кризни состојби

Катастрофите и вонредните состојби влијаат не само на физичкото здравје на луѓето, туку и на нивното ментално здравје и благосостојба. Решавањето на глобалното ментално здравје и психосоцијалните потреби е витален дел од работата на Црвен крст на РСМ за поддршка на заедницата.  

Вооружените конфликти, природните катастрофи и другите итни случаи често ги изложуваат луѓето на исклучително вознемирувачки настани. Луѓето се соочуваат со загуби и сериозни повреди на човековото достоинство. Доколку не се лекуваат, овие рани може да предизвикаат сериозна и долгорочна штета на поединци, семејства, заедници и цели општества.

Целна група: општа популација и ранливо население

Понеделник – петок со претходно закажување на термин на телефонскиот број +389 78 785 266

Целна група:

Психолошки дебрифинг

Целна група:

Активности за ментално здравје и психосоцијална поддршка (CBMHPSS) засновани на заедницата 

Целна група:

Мобилни тимови за психо-социјална поддрпшка во јавни собири/настани

Целна група:

Канали за промоција на понудите за ПСП и ментално здравје кои ги нуди ЦКРСМ:

Пријавете се и дознај повеќе за понудите за ПСП и ментално здравје на Црвен крст на следниот телефон: [+389 72 271 048 Центар за ментално здравје] или посети  [Веб-страна на ЦКРСМ] за пријава!

https://api.ckrm.org.mk